Објавено досието на Антикорупциската комисија за Мицкоски (ДОКУМЕНТИ)

Нема никаква основа за покренување на било каков процес или утврдување на одговорност за лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски стои во документот на Антикорупциската комисија.

Во текстот се објаснува дека проверката што ДКСК ја направила по медиумски извештаи покажала дека Мицкоски не прекршил ниту едно правило за конфликт на интереси ниту други позитивни правни прописи кога станал дел од бизнис со хидроцентрали.

Со ваквиот расплет на случајот покренат на два дена пред претседателските избори кој требаше да нанесе политичка штета на опозицијата го исчисти имиџот на Мицкоски од нападите на власта.

ДКСК јавно не открива кој член на Комисијата го започнал процесот против Мицкоски и од кој медиуми е допрен гласот иако во јавноста веќе се знаат членовите кои се во постојан контакт со високи членови на власта за кои се шпекулира дека ја дале нарачката за гонење на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

По 7 месеци откако отвори случај својата одлука за ослободување на Мицкоски од секаква вина ДКСК ја донесе за само 5 минути расправа.