Најмалку 99 луѓе загинаа откако попушти брана во Бразил, а 259 лица се водат за исчезнати.
Браната во близина на градот Брумадињо во југоисточниот регион Минас Жераис се урна во петокот минатата недела и 13 милиони кубни метри кал и тиња гја преплавија областа.
Спасувачките тимови велат дека шансите за преживеани се многу мали.
Камерите го забележаа моментот на пукање на браната.