Видеоснимка од подводниот дрон која ја објави шведскиот весник „Expressen“ покажува дека Најмалку 50 метри цевки од гасоводот Северен тек 1 се разнесени во експлозија.
Полицијата во Копенхаген и норвешките инспектори заклучиле дека станувало збор за „моќна експлозија“, пренесуваат европските медиуми.
Не се знае кој или што ја предизвикало експлозијата на гасоводите Северен тек 1 и 2, кои ги спојуваат Германија и Русија.
Владите на западните земји и Русија индиректно се обвинуваат за саботажа на овој гасовод.
Падот на притисокот во цевките е забележан на 26-ти септември, по што е утврдено дека протекува гас во Балтичкото море во данските води.
Кратко потоа протекла и цевката на гасоводот Северен тек 2.
Гас не се испорачува преку Северен тек 1 уште од август, иако цевката останала наполнета со гас, додека Северен тек 2 никогаш не ни проработел.