Објавен дел од премиерскиот “Лексикон на глупоста”

Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски објави дел од изјавите на премиерот Заев кој тој ги класифицира како “Лексикон на глупоста”

“Квантен скок, третиот рајхт, џинџер баланс, ваксајнс, сексипл лејди, ноу дискасити, холокаустот е еврејска традиција, закулулено-замулено, мало сутра, да ми извини лгбт заедницата – еден педер, теп’сиата стоо, астра зеника, вокејшнинг, хев а њу јеар еврибади”, се само дел од спорните изјави со кои Заев во последниве години ја смееше и ја скандализираше јавноста.

Веднаш по објавата професорот Кирјаковски од своите следбеници на Твитер добива дополнување на своите првични поими од “Лексиконот”.