Со новите мерки за штедење Владата удри по единствениот автентичен извор на информации за македонската евроинтеграција во седиштето на ЕУ.
Со штедењето на владата македонската јавност нема да може преку македонски дописник да се информира изворно за евроинтеграциите од Брисел каде се укинува дописничкото место.
Покрај Брисел се укинуваат и дописништвата на МИА во Атина и Вашингтон.
Со укинување на дописништвото во Брисел единствени извори на информации за евроинтеграциите ќе останат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и македонската мисија во ЕУ кои сигурно нема да ги објавуваат работите кои ќе бидат на штета на владата.
Покрај дописништвата намален е и вкупниот буџет на МИА што ја доведува во прашање работната позиција на многу вработени, јавува Телма.
Од ССНМ и ЗНМ потсетуваат колку се важни тие дописници и уште еднаш апелираат владата да ја преиспита својата одлука.
За намерата на валдага реагираат Павле Беловски-претседател на ССНМ и Младен Чадиковски-претседател на ЗНМ
Видео на Телма