Обичен член на ВМРО-ДПМНЕ до екс функционер: Младоста ја оставивме за вие да уживате во фотељите

Долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ го коментира екс вицепремиерот и министер во повеќе ресори од неговата партија Никола Тодоров кој според него ,,Повторно се појавува по телевизиски дебатни емисии и повторно исти приказни,…..”.

За тврдењето на Тодоров дека …. коските ги оставил во таа партија…, Јован Ване Петров вели дека:

,,прво, тоа не е таа партија таа е ВМРО-ДПМНЕ, второ не ти, НИЕ ги оставивме и младоста и животот за Вие да се вгнездите во удобните фотељи и после избори да бидете недопирливи, ние НЕ спиевме (буквално) за разлика од Вас кои во секој град, во секое населено место имавте ПРЕЧЕК, имавте обезбедено и ЈАДЕЊЕ и ПИЕЊЕ и СПИЕЊЕ”, му порачува Петров на Тодоров со назнака дека тој и другите обични членови го оставиле здравјето на терен затоа што биле цврсто убедени дека се на правиот пат со правите луге.

,,Да, јас имам и храброст и доблест да ја признаам грешката која ја направив заради лошата процена на Вас и сличните на Вас,
За разлика од Вас, ние што оставивме СЕ имаме едно големо НИШТО, а Вие? Е вие си знаете колку имате добиено од како што ја нарекувате таа партија.
Никој не ве тегнеше за уши во исто време да бидете и министер и вицепремиер и шеф на републички изборен штаб и носител на листа, никој освен вашето големо его, вашата самобендисаност и мислата дека ако не сте вие се ке пропадне. Пропадна да, но баш заради тоа што Вие бевте се а всушност НИШТО.

Затоа госин Тодоров, гледајте си го кафичот и робата која се продава во него (непречено), гледајте си ја адвокатската канцеларија и ако имате барем трунка морал во себе понудете и дајте БЕСПЛАТНА правна помош на лугето кои НЕМААТ НИШТО а се дадоа себе и своите фамилии за ВАС и сега се по затвори.!!!

И на крај, Вашата ера на моќ заврши со враќање на пратеничкиот мандат, да бевте искрени, чисти и чесни ке останевте и во собрание ке ги покажевте и докажевте Вашите чесни намери.

Оставете го ВМРО-ДПМНЕ затоа што од него премногу земавте а НИШТО не дадовте!
ЗБОГУМ!”, му пишува обичниот член на ВМРО-ДПМНЕ на некогаш еден од најмоќните луѓе во ВМРО-ДПМНЕ.