Лидерот на сектата „Врховната вистина на Аум“, Шоко Асахара, која изврши смртоносна напад со нервен гас во метрото во Токио во 1995 година, беше егзекутиран со бесење, објави Би-би-си. Утрово беа егзекутирани и шест други членови на сектата, објавија јапонските медиуми.

Шест други членови на сектата очекуваат исто така да бидат егзекутирани.

Нападот со сарин е најтешкиот терористички напад во Јапонија, во кој загинаа 13 лица, а илјадници други беа повредени.

Извршувањето на пресудите, цели 23 години, беше одложувано се додека не заврши жалбената постапка од осудените.

На 20 март 1995 година, членови на сектата „Врховната вистина на Аум“ пуштија смртоносен гас во  метрото во јапонската престолнина.

Нападот ја шокираше Јапонија – земја која може да се пофали со ниско ниво на криминал.

Членовите на АУМ сектата беа изведени пред суд, 13 од нив беа осудени на смрт, вклучувајќи го и лидерот Шоко Асахара. Шест други добија доживотни затворски казни.

Сектата е основана во 80-тите години на минатиот век како духовна група, која е межавина на хинду и будистички верувања.

Основачот на групата, Шоко Асахара, се прогласува за Христос и за прв „просветлен“ по Буда.