NYT: Не руска, туку украинска ракета уби 16 луѓе на пазар во Украина

Докази сугерираат дека смртоносната експлозија на прометниот пазар во источниот украински град Константиновка на почетокот на овој месец била предизвикана од проектил по грешка испукан од Украина, објави Њујорк Тајмс.

Украина соопшти дека експлозијата на 6 септември, во која загинаа најмалку 16 лица, била предизвикана од руски проектил.


„Доказите собрани и анализирани од „Њујорк тајмс“, вклучително и фрагменти од проектилот, сателитски снимки, изјави на сведоци и објави на социјалните мрежи, силно сугерираат дека катастрофалниот напад бил резултат на погрешно испукан украински проектил за воздушна одбрана истрелан од систем за противвоздушна одбрана“. Бук“, пишува весникот.

Во материјалот се вели дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека проектилот летал кон Константиновка од правец на територијата под контрола на Украина, а не од зад руските линии.

„Њујорк тајмс“, наведува дека мерењата на кратерите предизвикани од експлозијата и фрагментите пронајдени на локацијата биле во согласност со проектилот 9M38 кој бил истрелан од мобилниот систем за воздушна одбрана „Бук“.