Нуредини најавува воведување даноци за емисии на јаглерод диокид

Министерот за животна средина Насер нуредини во денешното интервју за РСЕ најави воведување даноци на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) за компаниите. Според министерот, тоа е неопходно, бидејќи истото сакала ЕУ тоа да ни го наметне на нашата економија.

– Ова е многу добро прашање. Минатата недела бев во Брисел и ЕУ бара да воведе методологија за јаглерод диоксид и да започне на нашата економија да ѝ наплаќа за употреба на фосилни горива кои создаваат емисии на јаглерод диоксид. Пред тоа да почне, не можеме да дозволиме нашата држава да плаќа во ЕУ и за тоа треба да размислиме и во моментов размислуваме на тоа. Имаме финализиран Закон за климатските промени и во тој закон сакаме да воведеме цени на јаглерод. Тоа ќе бидат многу ниски цени кои постепено ќе се зголемуваат, од година во година.

Идејата не е да му наплаќаме на приватниот сектор, туку да го поттикнеме да ја напушта употребата на фосилните горива, бидејќи ако не го направиме ние, тоа ќе го направи ЕУ за неколку години. Така што пред да започнеме да ѝ плаќаме на ЕУ, ќе започнеме да правиме приватниот сектор полека да и плаќа на државата, а државата да инвестира во обновлива енергија и да не употребува енергија од јаглен. Да, тоа не очекува, но пред тоа да го направиме, секако сакам да седнеме со приватниот сектор, тоа да го објасниме за да не биде шок. Сепак, ако тоа не го воведуваме и постепено, ќе биде шок бидејќи тоа на нас ќе ни го воведе ЕУ, изјави Нуредини.

Министерот вели дека огревот на дрва кај населението и загревањето на останатата биомаса е најголемиот извор на аерозагадување во земјата.

– За жал, не пости решение преку ноќ за аерозагадувањето. Бидејќи заедно со шведската Влада и Универзитетот во Штип изработивме извештај за тоа од каде доаѓа аерозагадувањето во градовите. Имаме научни податоци кои покажуваат дека аерозагадувањето во градовите, посебно во Скопје, над 40 проценти доаѓа од биомаса, што значи дека се употребува дрво, евентуално пелети или други елементи кои го загадуваат воздухот. Потоа, за жал, доѓаат горивата – транспортот, нашите автомобили, кои за жал се многу стари и потоа е индустријата. Треба да ја запреме употребата на дрва и други такви материјали во насока да го решиме проблемот со аерозагадувањето и затоа проектот за гас (енергетската постројка во Александрополис) е многу важен, смета тој.