Политичкиот аналитичар и активист Нуман Салаи тврди дека по последните случувања Македонија веќе не е држава туку театар и треба са се укине затоа што никому не му треба.
“По договореното бегство на Груевски во Бидимпешта,предлогот на СЈО затворскиот притвор да се замени со домашен притвор за Камчев,Мијалков,Јанакиевски,Божиновски…амнестијата за насилниците и терористите што упаднаа на 27 април 2017 година во Собранието, во РМ нема правна држава,односно државата изумре.
И СЈО е инструмент на сили кои немат ништо заедничко со општествената правда. И таа по овие зафати на политиката дефинитивно треба да се укине. На никој веќе не му треба.Ова што се случува во нашето општество,повеќе е од политички театер,наликува на:ДОГОВОР НА ЗАРОБЕНИ И КИДНАПИРАНИ БИЗНИСМЕНИ!!!”, смета Салаи.
Салаи вели дека ако актуелната политиката сакала да остварува некои, како што ги нарекува таа,возвишени и историски цели на новата генерација(промена на името на државата за влегување во НАТО и ЕУ), мораше да најде други можности.
“Како на пример нови избори за ново мнозинство или некој друг начин без да се повредат институциите на државата.Таа е платена од народот за да го најде најдобриот интерес за народот,без да се повредат дефинираните општествени правили.
По овие срамни одлуки, во Македонија со некоја посебна одлука треба да се амнестират,аболицират, рехабилитират, простуваат сите убици,терористи,лажговци ,преваранти, дрво-крадци,струјо-крадци,државно-должниците,банко-должниците и кој не….затоа што кај нас ДЖАВАТА ВЕЌЕ НЕМА СМИСЛА”, пишува Салаи во својата крата анализа на случувањата во земјава последните неколку дена.