Нуланд: Имаме 18 сценарија ако Русија ја нападне Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготви 18 различни сценарија за акција во случај на руска инвазија на Украина, изјави заменик-државниот секретар за политички прашања Викторија Нуланд во интервјуто за Фајненшл тајмс.

„Нема да зборувам однапред за 18-те различни сценарија… Само ќе кажам дека ние и нашите сојузници сме подготвени брзо да предизвикаме сериозна болка доколку Русија преземе каков било агресивен чекор“.

Таа нагласи дека Вашингтон преговара со европските сојузници за можен одговор на акциите на Русија кои водат сметка за интересите на луѓето од западните земји.

Коментирајќи ги безбедносните разговори меѓу американските и руските делегации оваа недела, Нуланд рече дека земјите јразмениле загриженост, но сè уште не е започната сериозна дискусија.

„Во моментов слушаме само стравови еден од друг“, рече таа. Њуланд, исто така, нагласи дека преговорите „треба да се водат врз основа на реципроцитет“.

„Тие имаат барања, но и ние имаме загриженост“, вели Нуланд.