Нуклеарен удар врз Украина не ни треба и нема смисла – ни политичка ни воена, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ја оцени како непотребна и бесмислена евентуалната употреба на нуклеарно оружје во „специјалната воена операција“ на неговата земја во Украина.

„Русија никогаш директно не зборувала за можноста за употреба на нуклеарно оружје, тоа го навести само како одговор на напад од непријателот. Денешната врева околу нуклеарните закани е примитивна, Западот бара дополнителни аргументи за спротивставување со Русија. Западот се стреми кон нуклеарен инцидент за да ја обвини Русија и да поттикне нова рунда на конфронтација. Киев зборува за желбата да поседува нуклеарно оружје, притоа постојано велејќи дека Руската Федерација ја гаѓа нуклеарната централа во Запорожје, а таму се нашите војници?! Не ни треба нуклеарен напад врз Украина, нема смисла – ниту политички ниту воен“, категоричен е Путин во своето обраќање на Валдајскиот форум.