Преведувачот и добар познавач на политичките прилики во регионот Арменд Нухиу забележува дека македонските власти почнуваат акции против криминал само ако првите американски дипломати во Скопје посочат на него.
,,Нашите институции реагираат на криминал само откако Амбасадорите на САД 🇺🇲 јавно на некој состанок или прес конференција ќе укажат на криминалот, со име и презиме.
ЕУ 🇪🇺не ја есапат многу, а и тие не се експлицитни и директни како Американците.
Најконкретни примери:
-Случајот со Дилавер Бојку Леку од 2002 година, кој беше уапсен во Црна Гора и екстрадиран во Македонија само отако Амбасадорот на САД јавно пред тогашниот премиер Црвенковски кажа дeка Бојку е босот на проституцијата овде,
-Случајот со дневниците и бонусите на членовите на ДИК – на сите, без разлика на партијата која ги назначила, кога Амбасадорот Бејл на прес конференција го откри скандалот.
God Bless America🇺🇲”, забележува Нухиу.
Минатата година во два наврати со директно учество на американската агенција за борба со наркотици ДЕА беа фатени пратки на дрога во кои беа уапсени луѓе блиски на власта.
Трета акција пропадна затоа што учесник во подготовките од македонска страна ги информирал криминалците дека се подготвува апсење и претрес.