Со решение на министерот за култура Асаф Адеми, од 8 ноември 2018 година, на местото директор на Универзитетската библиотека Климент Охридски е именуван Фримзим Даути.
Досегашниот в.д. директорка Сенка Наумовска, на таа позиција беше назначена со решение на претходниот министер во август 2017 година.
Во обидот да одгатнеме кој е Даути, дознаваме дека тој бил стипендист на владата на Република Македонија и заминал на студии по европско право во Виена во 2007 година.
Според ТВ КИСС Фримзим Даути една година претходно – 2006 година – бил избран на функцијата секретар на гостиварскиот огранок на партијата ДПА.