„Новогодишно“, во петок ќе биде соопштена цената на струјата од 1 јануари

Регулаторна утре ќе одржи подготвителна седница на која пред претставниците на трите енергетски компании, ЕСМ, МЕПСО и ЕВН Хоум ќе ја соопшти првичната цена на струјата која ќе важи од 1 јануари.

Утре пред енергетските компании ќе ги презентираат механизмите кои ќе ги активираат при носење на новата одлука за цената на електричната енергија.

Претходно тие најавија дека енергетските компании доставиле барање – поскапувањето да биде околу 40%.

Од Владата пак тврдат дека тоа нема да надмине 10%.

Колку ќе поскапи струјата ќе се дознае најдоцна до петок бидејќи по подготвителчната седница компаниите имаат право на жалба во рок од 24 часа.К