Компаниите да вклучуваат директори од малцинските заедници во нивните одбори предвидува новиот закон одобрен од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.
Тоа е првиот закон во Соединетите држави што диктира расен состав на корпоративните одбори.
Во помалку застапени малцински се сметаат Афроамериканци, Латиноамериканци, Азијски Американци, Индијанци, Хавајци и жители на Алјаска и на Пацифичките острови.
Компаниите исто така можат да назначат директори кои се сметаат за хомосексуалци, лезбејки, бисексуалци или трансродови.
Некои конзервативни групи се побунија, но немаше многу противници меѓу политичките актери.

Корпоративниот адвокат Кит Бишоп се спротивстави на законот, велејќи дека ги крши клаузулите за еднаква заштита на американскиот и калифорнискиот устав и трговската клаузула на американскиот устав, пишува УСА Тудеј..