Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски открива дека за првите четири дена од декември ЕСМ под контрола на СДСМ потрошила неверојатни 6 милиони евра.

Ако продолжи вака овој тренд ЕСМ само за последниот месец од годинава ќе плати 45 милиони евра.

,,Нов увоз на струја и ново “херојско” грабање народни пари. За само 4 дена во декември, АД ЕСМ авансно ќе плати околу 6.000.000€ за увоз на струја. Дневно, авансно и ќе потроши по 1.500.000€ за увоз на струја.

Авансно плаќаат со народни пари за провизии. Одговорност ќе има!”, пишува Мицкоски.