По двонеделно криење на возачот на возилото кое го возел заменикот министер Назим Буши и неколку други скандали во безбедноста ново дно на министерството кое го води Оливер Спасовски и владата на Ковачевски.

Директорка на институцијата која ја води ДУИ порачала дека полицијата не и може ништо иако долго време секојдневно го крши Законот за сообраќај.

,,Директорката со месеци секој ден се паркира на тротоар на пешачка улица. Можете да замислите колку се сериозни борци за правна држава. Кога и кажав дека ќе викнам полиција одговори дека полицијата не и смее ништо”, објави адвокатот и член на кллективно раководство на партијата ,,Твоја” Александар Тортевски.

Директорката на речиси непознатиот Центар за информатички и комуникациски технологии е назначена на предлог од ДУИ.