Новиот шеф на АНБ Зарко Милошевски донесол одлука началникот на секторот за Тероризам и насилен екстремизам Јовче Ременски да биде сменет од неговата позиција.

Од денеска сопругот на екс пратеничката и потпретседател на СДСМ Фросина Ременски со наредба е испратен за началник на АНБ – Куманово


Првичните информации од АНБ се дека прелиминарна истрага укажала кој давал службени документи од агенцијата на медиумите.

Ременски важи за близок на Оливер Спасовски а неговата смена сигнализира можна пресметка меѓу крилото на Зечевиќ и Спасовски во СДСМ.