Новиот дом на младинската школа на Вардар во Аеродром и официјално пуштен во употреба

Со вечерниот тренинг на повеќе од 180 фудбалски таленти, новиот дом на младинската школа на најтрофејниот македонски клуб Вардар, „Кирил Симоновски-Џина“, во скопски Аеродром и официјално беше пуштена во употреба.

Свеченоста со своето присуство ја збогатија поранешни играчи и легенди на „црвено-црните“, членови на навивачката група „Комити“ со мало пиротехничко шоу, како и најблиските на идните фудбалери на најпопуларниот клуб во Македонија.

Градоначалникот Тимчо Муцунски во името на Општината вети дека Аеродром, во соработка со општествено-одговорни компании и други добронамерници, ќе продолжи да го помага најпознатиот македонски фудбалски бренд.