Новиот директор на „Шутка“ доби закана со бомба

Вработена во МВР денеска, нешто по 12 часот, со бомба се заканувала на новиот директор пред  пријавницата на затворот „Шутка“.

Од МВР потврдија дека имало вербален инцидент и дека, по упатените закани, жената си заминала. Таа била идентификивана и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Директорот на КПУ„Затвор Скопје“, Есад Рахиќ, кој деновиве ја презеде оваа функција не знае која е причината за денешниот инцидент пред затворот кога жена се заканувала со бомба кон него како директор на установата.

-Тоа што го знаете Вие, го знам и јас. Полицијата е запознаена и се што треба да се знае побарајте од нив. Можам да кажам дека дотичната се заканувала на директорот на затворот, но од кои причини – не знам,“ изјави Рахиж кој вели дека не ја познава жената, јави 24 Инфо.