Новиот директор на Биро за метрологија не знаел што работи институцијата, мислел дека тоа е наука за времето

Новиот директор на Биторот за метрологија, институција под надлежност на Министерството за економија Авдуљ-Селам Селами, рече дека до неодамна не знаел што работи институцијата. Селами кој е член на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП, покрај објаснувањето за значењето, достигнувањата и плановите на ова Биро меѓу другото рече и дека тој до пред некое време мислел дека ова е наука за времето, а не за мерните инструменти.

Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, рече Селами пред присутните.

Селами по професија е дипломиран правик, а негово прво вработување било инспектор во УЈП. Потоа беше заменик директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, потоа бил заменик директор на Управа за јавни приходи, па член на Управен одбор на Клиниката за невролоија и член на Управен одбор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

Инаку, Бирото за метрологија е одговорно за контрола на сите мерни инструменти во државата, располага со девет лаборатории преку кои се врши калибрација и тестирање на мерилата – водомери, струјомери, калориметри, но и бензински пумпи, ваги и слично.