Администрацијата на новиот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва го објави својот план за справување со уништувањето на шумите до 2030 година, како дел од меѓународната заложба за заштита на животната средина, пишува Ал Џезира.

Тој планира да го контролира уништувањето на шумите во Амазон, промовирајќи го како најнов чекор во нивната агресивна платформа за борба против климатските промени.


„И богатите земји мора да ја одиграат својата улога. Тие се оние кои најмногу ги опустошија шумите низ вековите“, вели претседателот.

На онике кои сечат шуми во земјата треба да им се каже дека ако сакаат да сечат дрвја, мора и да ги засадат, вели Лула да Силва предупредувајќи дека нема да има оправдување за сечење на старите шуми.

Политиките на Лула означуваат отстапување од оние на претходниот претседател Болсонаро, во чиј мандат – од 2019 до 2022 година – се случи рекордното уништување на шумите во Бразил.

Болсонаро се залагаше за поголем развој во регионот на Амазон, промовирајќи ја сечата како потенцијален благодет за економијата на Бразил и затворајќи ги очите пред незаконските операции.