Новинарските здруженија бараат истрага за претепувањето на Божиновски

Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот врз сопственикот нa порталот „Буревесник” Зоран Божиновски кој се случил вчеравечер во Битола, пред неговата куќа и при шѓто муу биле нанесени тешки телесни повреди од страна на две маскирани лица.

„Го осудуваме секој облик на физичко насилство и потенцираме дека физичкиот напад претставува кривично дело. Апелираме МВР и ОЈО, итно да ги истражат и процесираат ваквите напади со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина“ – реагираат ЗНМ и Советот за етика во медиумите.


И Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како што вели, најостро го осудува вчерашниот физички напад врз сопственикот на порталот „Буревесник“.

„Безбедноста на новинарите е предуслов за професионално вршење на нивните обврски и секое насилство кон нив е апсолутно неприфатливо. Тие треба да ја вршат својата работа ослободени од каков било вид напади, притисоци, вознемирување и заплашување. Потенцираме дека во демократските земји е неопходно да се обезбеди целосно уживање на правото на слобода на изразување и на правото на информирање на граѓаните“, се вели во реакцијата на ААВМУ.