Новинарот на германски ФАЦ возврати на вториот напад од кандидатот за претседател

Новинарот на највлијателниот германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ) му одговори на еден од кандидатите за претседател на Македонија кој што вчера по втор пат го спомена во телевизиска дебата и го дискредитираше како новинар затоа што наводно бил пријател со Никола Груевски.

Новинарот на ФАЦ Михаел Мартенс кој за весникот долги години известува од Југоисточна Европа и Балканот вели дека кандидатот по втор пат лично го споменува во дебатите.

„Дали некој го брифира да ги користи овие нелогичности господинот …. ?(поради молкот не може да се именува кандидатот) Или тој самиот ги измислува. Дали шеф на неговата кампања е сервисот за превод на Гугл (Google translate)? И од каде доаѓа неговото интимно знаење за моето известување?“, прашува Мартенс откако финансискиот аналитичар Раби Седрак го информира преку Твитер дека е обвинет за неетичко известување и пристрасност во живо на Македонска телевизија.

Според Седрак само грчкиот премиер Ципрас со вакви шпекулации го нападнал новинарот на ФАЦ во неговата долга кариера.

„Покрај Груевски, мои пријатели се Абу Бакр Ал-Багдади (ИСИС), Антонис Самарас и Ким Јонг УН. Одиме на куглање секоја недела. Многу се забавуваме кога Антонис ќе каже една од неговите шеги дека сите Македонци се Грци. Никола (Груевски) го обожува тоа. Кандидатот (поради молкот не може да се именува кандидатот) многу пропушта“, иронично одговара Мартенс на обвинувањата од кандидатот кој во два наврати тврди дека Мартенс е близок на Груевски и поради тоа напишал текст во ФАЦ во кој меѓу другото се критикува македонското судство за корупција и носење на судска амнестија која е непозната за правосудството на европските членки.

„Дали сите што давале поддршката за договорот за името од почетокот во десетина коментари, и тие што лобираат за почеток на пристапните преговори се пријатели на Груевски? Дали неидолизирањето на госодинот кандидат и неговата партија (поради молкот не може да се именува партијата и кандидатот) е симбол на неетичко новинарство, прашувам во име на пријател)“, пишува новинарот на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг кој одговара на коментарите на претседателскиот кандидат.

Во преписка со Мартенс на Твитер се вклучува и дописничката на Македонската Информативна агенција од Брисел Тања Милевска која што го прашува новинарот дали не е загрижен за начинот на кој што вториот кандидат за претседател го употребил во дебатата.

Милевска објаснува дека другиот кандидат во дебатата забележал како првиот кандидат се ставил во ситуација во која новинарот на ФАЦ се шегува на негова сметка за да го нападне и дека вториот кандидат постојано „удирал под појас со невкусни коментари“ на што Мартенс одговара:

„И? За разлика од првиот кандидат таа не измисли работи за моето известување. Покрај тоа јас не сум одговорен за недостаток на вкус кој таа или двајцата кандидати можат да го покажат“.

Дописничката на МИА од Брисел е ќерка на екс новинарка а сега одговорна за комуникации во македонската амабсада во Брисел и внука на новинарот Борјан Јовановски кој во текот на кампањата за претседател, слоганот на еден од кандидатите го спореди со хрватскиот фашистички слоган „За дом спремни“.

Мартенс е еден од најдобрите европски познавачи на Западниот Балкан и Југоистична Европа а за време на владеењето на Никола Груевски имаше десетина критички текстови за неговата влада во контекст на медиумските слободи, човековите права, корупцијата и криминалот, реформите и други теми.

Мартенс е следбеник на нобеловецот Иво Андиќ чие презиме го користи како име за својот профил на Твитер.

Поврзани вести

Пендаровски во судир со шефот на Европска народна партија и со највлијателниот германски весник

1ТВ спореди слоган на Сиљановска со усташки фашистички поздрав