Откако владата вчера се обиде да објасни што точно сакал да каже премиерот Заев кој го употреби зборот банално се јави новинарот кој му го постави прашањето на кое Заев му одговори со зборот “банално”.

Новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа смета дека едно прашање да биде банално ако е поставено по прв пат, а Заев досега не беше прашан дали има некој друг во СДСМ кој може да го замени на премиерската позиција.

“СТАНА БАНАЛНО ОВА СИТЕ ОВИЕ ДЕНОВИ

Ова се точните зборови кои премиерот ги изговори, на прашање кое прв пат му се поставува како што паметам барем јас.

СИТЕ ОВИЕ ДЕНОВИ премиерот беше прашуван за трагедијата, така што нормално е дека се мисли на таа тема.

Сепак, лошите медиуми ги поправа Владата, која вели одговорот се однесувал на прашањето дали тој е еден и единствен и не постои способен во неговата партија да го замени.

И се би било океј ако прашањето не беше поставено прв пат СИТЕ ОВИЕ ДЕНОВИ.

Бидејќи прашањето сепак беше поставено прв пат денеска, барем како што јас паметам, Владата и премиерот ќе треба да се дообјаснат зошто СИТЕ ОВИЕ ДЕНОВИ се банални прашања кои не биле воопшто поставени.

Малку вака пластично да ја објасниме БАНАЛНОСТА”, пишува Петровски откако владата реагираше за да каже што точно мисли Заев кога вели банално.

Предходно друг новинар на Алфа ТВ Горан Момироски пред 5 дена во колумна пишуваше за дилемата дали Заев има замена во својата партија како премиер што најверојатно го испровоцирало премиерот да го каже зборот банално.

Зошто Заев ги понижи Груби, Шеќеринска, Спасовски, Османи, Димитров… – пишува Горан Момироски