На денешната прес конференција во владата премиерот Заев во повеќе наврати беше прашан дали ако в недела во Скопје загуби неговиот кандидат Петре Шилегов тој ќе си даде оставка.

На ова прашање тој и предходно и денеска не даде кус и концизен одговор каков што му побараа новинарите.

Новинарката на Телма му прецизираше дека исто како и другите колеги очекува краток одговор со да или не но и покрај јасното прашање Заев не одговори дали во понеделник наутро ќе си даде оставка.

Предходно Заев изјави дека ако го загуби Скопје нема да може да ја води владата без поддршка од Скопјани.

Во првиот круг СДСМ ги загуби петте најголеми општини Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Бутел.

Одговорот на Заев на новинарката на Телма е по 1 час од видеото

Поврзана вест

Знае ли што збори главниот финансиер во државата?

Бесими – министер или магионичар: Ќе потроши 4 милијарди евра и ќе го намалел долгот под 60 %