После час и половина чекање да се појави министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференцијата на која требаше да зборува за неговиот извештај кој го презентираше пред Владата за концесиите на рудниците Иловица-Штука, од владината служба ја одложијасредбата со новинарите за утре.
- – Ве известуваме дека на 26.07.2023 година (среда) со почеток во 11:00 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за економија Крешник Бектеши.
Акредитираните новинари ќе може да ја следат прес-конференцијата со физичко присуство во Прес-центарот на Владата соопштија вечерва од Економија.
Пред владините колеги веројатно се има правдано, на денешната седница откако беа споени концесиите за рудникот Иловица – Штука , а дел од Владините министри кажаа дека не биле добро известени за што гласаат , односно дека не знаеле оти судска одлука која ги задолжува да ги спојат концесиите нема , а спротивното им било кажано од министерот Бектеши.
Ковачевски потоа му даде втора шанса на Бектеши за да ја соберел целата документација и сите судски одлуки и уште еднаш да реферира околу рудникот . Останува отворено прашањето дали одлуката ќе биде ревидирана . Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупредува дека министрите пак можело да бидат излажани, а СДСМ ги штити интересите на ДУИ .
„Имам две пораки. Првата е, тие што се излажани овој пат да внимаваат да не бидат повторно излажани. Второ, не можам да разберам зошто СДСМ ги штити бизнис интересите на ДУИ во Струмица и која е цената на оние што ја имаат оние кои дигаат два прста и се од оваа коалиција, а ја имаат за да ги штитат интересите на ДУИ во Струмица“,порача Мицкоски.
Бектеши не се појави на минатата седница оти беше на службен пат , туку после ги собра новинарите и тврдеше дека спојувањето на концесиите е најдобрата одлука за да сме се заштителе од арбитража . Тој ги демантираше министрите и трврдеше дека сите материјали биле доставени на време и дека денеска само ќе донесе плус еден документ за тоа како хронолошки се одвивале настаните.