Новинар: За шест месеци Пригожин ќе биде мртов или…

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се „справи“ со Пригожин, кого го прогласи за предавник по краткиот обид за државен удар на Вагнер, тврди Христо Грозев, водечки руски истражувачки новинар.

„Сите знаат што прават Русите поврзани со режимот на Путин со „предавниците“, а Путин не го направи тоа. Тој сака да го види мртов. Тој сè уште не може да го стори тоа“, изјави Грозев за „Фајненшл тајмс“.

Грозев претходно во јануари годинава изјави дека Пригожин ќе го предаде Владимир Путин во рок од шест месеци.

Неговото предвидување stana реалност на крајот на јуни, кога Евгениј Пригожин, кој е на чело на Вагнер, го предводеше маршот на Вагнерците кон Москва.

„За шест месеци Пригожин или ќе биде мртов или ќе се случи нов државен удар… Можете да мe држите за збор“, вели новинарот.