Тече третиот месец откако новинарот Саше Димовски бил на комисијата за мобилност при министерството за здравство формирана од министерот од Алтернатива Беким Сали.

Новинарот Димовски кој важи за еден од водечки авторитет за состојбите во правосудството а кој остана без левата нога се уште не добил никаков одговор од комисијата формирана од министерот од Алтернатива.

Димовски во емисијата Заспиј ако можеш со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ открива дека од членовите на комисијата за мобилност му било кажано дека ќе добие одговор за десет дена но од тогаш се поминати повеќе од два месеци а одговорот не пристигнува.

Комисијата составена од тројца лекари инаку сите Албанци по избор на министерот Сали го оставила Димовски кој важи за критичар на сите власти да чека огромен период иако знаела дека тој во моментов не е вработен и дека нема никакви приходи.

Комисијата одобрува или одбива барања за мобилност за што државата треба да исплаќа 7000 денари како надомест за проблемите со кои се соочуваат пациенти при движење во случај кога пациентот нема екстремитет или има друга тешка ситуација поради која не може или отежнато се движи.

Иако кај Димовски ситуацијата е кристално јасна затоа што тој ја нема десната нога од потколеницата надолу, комисијата се уште не дава одобрување за користење на надоместот од мизерните 7000 денари.

Димовски во интервјуто открива дека на оваа комисија секој месец се појавуваат стотици луѓе кои ја делат неговата судбина: Државата односно комисијата формирана од министерот за здравство Беким Сали да е глува за пациентите на кои им се неопходни тие 7000 денари.

Димовски повеќе од 25 години плаќа здравствено осигурување.

Овој дел од разговорот кој открива фрапантни состојби во правосудството е при крајот на емисијата.