Овациите за Заев во Грција предизвикаа ново јавно аплогетство на новинарот Бранко Тричковски кому грчките аплаузи му се поважни од победата на националната селекција против Италија во баражот за светското првенство во Катар
,,Грците го поздравија Заев со овации.
Ме возбуди тој чин.
Повеќе отколку големата победа на фудбалерите над Италија.
Затоа што Заев ја симболизира победата на Македонија над самата себе.
А заедно со Ципрас и Коѕијас и на Грција над самата себе.
Над стравовите, комплексите и фрустрациите на двете соседни држави, во името на мирот, стабилноста и европските перспективи на државите, нациите и луѓето.
Развојот на ситуацијата, особено драмата што ја отвори Русија со својата агресија врз Украина, ја потврди исправноста на нивната ориентација и покрај силните отпори во двете страни. Ризикот со кој се соочија и цената што ја платија е голема, но мала е во однос на резултатот. Блокадата на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија е епохална недоследност на европската политика и на катастрофалниот избор на Бугарија за решавање на некои отворени прашања, но деблокадата што ќе мора да се случи скоро, исто така ќе се темели на подвигот на Заев и Ципрас и нивните министри.
Тие безрезервни адмирации што го доживеа Заев во Грција и претходно низ европските институции и престолнини, се огромна афирмација на Македонија и на нејзините перспективи, а поранешниот премиер се потврдува како најистакната политичка фигура во кратката историја на независна Македонија”, пишува Тричковски кој е еден од новинарите доволно блиски до СДСМ за да знае дали има можност Заев повторно да се врати на чело на СДСМ и владата.