Новинарот Иле Петревски раскажува како вториот човек во владата не можел да ги смири страстите птед новинарите.
“На вицепремиерот Кочо Анѓушев не му се допаднала емисијата на 360 степени и во знак на револт на денешниот брифинг ноншалантно го фрли фломастерот кон новинарите со кој црташе и објаснуваше за автопатот Кичево -Охрид .
„Претеравте , претеравте“ , со висок тон специфичен за него Анѓушев повторуваше и гледаше во нас новинарите, кои не знаевме за што се работи.Тој бил транспарентен и работел чесно и многу бил лут што година дена бил критикуван во медиумите.
Ова се случува кога во салата во влада нема сниматели и камери , кога камерите се вклучија и побарав објаснување , вицепремиерот даде одговор но без вклучен микрафон, дека имали спорни моменти во емисијата.
На крајот на настанот кога снимателите се спакуваа , нова ситуација. Анѓушев вели не можам веќе , на прашање дали значи тоа дека ќе се повлече и ќе даде оставка вели – НЕ ама од сега вака ќе постапувам……”, пишува Петревски за нервозата на вицепремиерот Анѓушев кога новинарите му предочиле негови контрадикторни изјави.
Предходно Анѓушев беше обвинет дека се заканувал на новинари и на антикорупционерката Слаѓана Тасева.