Поранешен вработен на 1тв со шокантно тврдење дека директор на една од главните институции кои гонат финансиски криминал во земјава бил фатен во недозволени активности и отстранет од работното место додека работел за амбасада на една моќна западна држава.
Според Кирил Ефремовски, продуцент и аналитичар, Блажо Трендафилов директор на Управата за финансиско разузнавање и член на владиниот оперативен тим за борба против корупцијата е избркан од странска амбасада заради корупција.
“Не дека ‘оперативен тим’ е ОК, ама до толку да се немало чуство и одговорност… #ЕвеНезнам како може Блажо кој е избркан од странска амбасада заради КОРУПЦИЈА, кој се спомнува од Тредичи во снимките до Камчев “дека ќе среди” да е директор и дел од тим против корупција?!”, пишува Ефремовски.
Трендафилов е од Струмица а важи за дел од внатрешниот круг на премиерот Заев во кој се уште само неколку луѓе.
https://twitter.com/kefremovski/status/1163063716130250753?s=19
Дополнување (ДПЛ)
Во првата верзија на веста се вели дека Ефремовски е дел од 1ТВ но тој во моментов работи за друга компанија. Ефремовски зборува за странска амбасада во Скопје.