Последната варијанта на корона вирусот, омикрон, мутираше во стелт омикрон, а сега научниците говорат и за новите видови омикрон 4 и омикрон 5. Сосема исто како што беше случајот со омикрон кој прв пат се појави во Јужна Африка, и најновите варијанти, повторно се присутни прво таму, но Европската агенција за лекови иако потврдува дека епидемиолошката состојба со корона вирусот во моментов е стабилна, пандемијата се уште не е завршена.
Научниците работат на вакцини и против најновите варијанти, а според последните истражувања, дури и децата од шест месеци до 5 години ќе можат да примат вакцина против Ковид благодарение на новата вакцина која што фармацевтската компанија Модерна ја прилагоди за таа визраст.
Заради есенскиот период кој се смета за критична точка кога позасилено може да се активира корона вирусот, двете водечки компании Модерна и Фајзер-Бионтек веќе работат на ажурираните вакцини против омикрон сојот, а финалните резулати се очекуваат надоцна до септември. Фактор
