Нови цени на горивата: Дизелот ќе биде за 7,5 денари поскап од бензинот

Од вечерва по полноќ за 3 денари ќе поскапи дизел горивото и неговата цена ќе изнесува 96,5 денари, што ќе биде за 7,5 денари повисока од цената на бензинот од 95 октани. И нафтата за домаќинствата поскапува за три денари, а цената на бензинот не се менува.

По полноќ цените на нафтените деривати ќе изгледаат вака:
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 96,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%, велат од Регулаторната комисија за енергетика која ја донесе одлуката за поскапувањето на дизелот и нафтата за домаќинствата.