Нови 81 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на КОВИД-19 објави Министерството за здравство.

Регистрирани се случаи во Скопје – 27, Тетово – 25, Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово  – по 1. 

Не се регистрирани починати пациенти. 

Во истиот период, според МЗ, рРегистрирани сe 12 оздравени пациенти.