Нови 62 случаи на коронавирус, 25 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 572 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19.

Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје ( 69г, 71г, 71г, 71г, 72г, 73г, 76г, 83г, 86г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (36г и 74г), Кавадарци (71г и 84г) и Струмица (56г и 69г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Прилеп (79г), Битола (72г), Велес (78г), Штип (71г), Охрид (81г), Кочани (85г), Пробиштип (63г) и Демир Хисар (70г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 24 се починати во болнички услови.