Нови 56 случаи на корона, двајца починати – во септември

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 36, Куманово – 4, Прилеп и Охрид – по 3, Битола – 2, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 69 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица, од Кавадарци (76г) и Скопје (85г).

Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.09 до 25.09.2022година.