Нови 524 случаи на коронавирус, 4 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (08 – 10.07) биле направени 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19.

Од нив во Скопје – 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес – 16, Прилеп, Кавадарци и Штип  – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино – 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по еден..

Во 29 случаи се работело за реинфекција.

Регистрирани сe 463 оздравени пациенти.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022 г.