Нови 29 заразени со коронавирус

Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на коронавирус.

Заразени лица сега има и во Велес и Прилеп.
Најголем број од новите случаи – 20 се во Скопје. По тројца има во Куманово и Велес, двајца во Прилеп и еден во Дебар.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот е 177 лица од кои 1 излекуван а двајца пациенти починаа.