Во последното деноноќие во Македонија 28 лица ја загубија битката со Ковид-19, а 1.093 се позитивни од 3.084 направени тестови.
Речиси една третина од починатите или девет лица се од Скопје на возраст од 54, 71, 80, 62, 86, 82, 70, 82 и 62 години, петмина се од Тетово (83, 72, 74, 62 и 64), четворица од Куманово (76, 78, 69 и 85), двајца од Гостивар (69 и 53) и по еден од Дебар (82), од Штип (61), од Струга (57), од Велес (70), од Охрид (39), од Струмица (55), од Кратово (74) и од Ресен (69). Од нив двајца пациенти се починати вон, а останатите во болнички услови.
Од новозаразените, 431 се од Скопје, 94 од Гостивар, 60 од Прилеп, 57 од Куманово, 55 од Велес итн.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 819 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на дијагностициранисо ковид-19 од почетокот на епидемијата во Македонија достигна 59.701, оздравени се 36.825, починати 1.658, а бројот на активни случаи изнесува 21.218.