Нови 164 позитивни на корона, 2 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 од кои половина, односно 85 во Скопје. Следуваат со голем број случаи Куманово 24 и Тетово 18 додека многу помал број има во другите градови.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60) примерна во болница како сомнителна на ковид на 9 јуни.