Сметката на Клиника за гинекологија е повторно блокирана за 410.000 евра, кои установата морала да ги исплати врз основа на тужбени барања од семејства кои во 2008 година ја тужеле клиниката, пишува порталот „Новатв.мк“, кој објавува дека станува збор за тужби поради дијагноза ретинопатија, која не била навреме откриена кај нивните бебиња, поради што децата останале со трајно слепило.
Овие тужби се од периодот кога на Гинекологија немаше протокол според кој очните лекари треба да доаѓаат и да ги прегледуваат предвреме родените бебиња. Многу деца настрадаа во период од тие неколку години.
Во исто време Клиниката, која од самиот почеток на градба ја следат небулози (се штедеше на материјал, се вградуваа евтини прозорци и други материјали, системот за вентилација е во катастрофална состојба, се носеа стари кревети и опрема) отвори броеви за донации во рамките на кампањата „Сите ние пријатели на бебињата, биди и ти“, која предизвика реакции на социјалните мрежи и во јавноста.
Целата информација на новатв.мк на следниот линк