Нова војна: Газа „на работ на амбис“

Прва и првата жртва во Израел од војната во Појасот Газа 2014 по жестоката размена на ган помеѓу силите на Хамас во палестинската енклава и израелската армија.

Како што објави АП, граната испалена од Хамас паднала на станбена зграда во Ашкелон, јужен Израел која убие едно лица, а две жени се повредени.

Израелската армија соопшти дека милитантите од појасот Газа од вчера попладне истрелале 370 ракети кон Израел, од кои околу 100 биле пресретнати системот за воздушна одбрана „Железна купола“.

Според АП Израел возврати на нападот и уништи повеќе од 100 воени цели во Појасот Газа.

Официјални претставници на ОН објавија дека работат заедно со Египет за да ги прекинат тековните борби во појасот Газа. Од кабинетот на претставникот на ОН за Блискиот Исток, Николај Младенов, се прават напори “да се обезбеди Газа да се врати од работ на амбисот”. Младенов повика на запирање на ракетните напади.

Израелската војска соопшти дека во нападите беше убиен командант на Хамас.

Во израелски воздушен напад над Газа беше уништено и седиштето, три катна зградана телевизијата Ал Акса.

Портпаролот на Хамас, Фавзи Бархум, го осуди нападот како „варварски и дрска агресија“.

Израел соопшти дека станицата „емитувала насилна пропаганда“ и  „оперативни пораки“ на екстремистите од Хамас.

https://twitter.com/twitter/statuses/1062067289112145922