Нова тепачка во Охрид, ќе прати ли Бугарија воен авион за натепаната

Откако бугарската влада испрати воен авион да однесе натепан македонски граѓанин на лекување во Софија многумина очекуваат Бугарија да реагира на сите тепачки во Охрид и Македонија.

,,На 03.02.2023 во СВР Охрид било пријавено дека на 01.02.2023 во куќа во Охрид, Н.М.(21) била физички нападната од Р.Д. и О.Д., сите од Скопје. По расчистување на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава”, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за инцидентот кој се случил вчера но за кој нема информации дали некој од учесниците имал македонско, бугарско, албанско или друго самочувство.

Според претходното однесување на бугарските власти во случајот Пендиков официјална Софија може да испрати воен авион на лекување во Бугарија за било кој македонски граѓанин кој ќе настрада во тепачка или физички напад во Охрид и Македонија.

Оваа вест звучи како да е виц но не е.