Нова средба Заев-Гаши

Во Клубот на пратеници денеска повторно ќе се сретнат премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

Заев и Гаши се сретнаа во понеделникот, кога постигнаа начелен договор за програмските аспекти.

Се очекува да продолжат разговорите за можен влез на партијата во Владата и за обнова и зголемување на парламентарното мнозинство на оваа власт.

Не се предвидени изјави за медиумите, што би значело дека денеска не се очекува конечен договор, пишува МКД.МК

Од Алтернатива вчера го демантираа пишувањето на некои медиуми дека Гаши од Заев барал три министерски и едно вицепремиерско место.