Блискиот соработник на премиерот Борисов и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев со нова луда идеја со која Бугарија сака да се спаси од злоделата што ги направила при окупацијата на Македонија од 1941 до 1944.

Ковачев бара на плочите на споменците каде што има напишано „бугарски окупатор“ да стои „германскиот нацистички окупатор на Кралство Југославија и времената бугарска администрација составена главно од Македонци”.


Идејата на Ковачев е една од најлудите не само во бугарско – македонскиот спор туку воопшто во историјата на конфликтите меѓу државите.