Со изборот на судиите потребни за функционирање на уставниот суд на Албанија оваа земја ги исполни главните барања од Брисел и веќе нема пречки Тирана да започне преговори со ЕУ.

За разлика од Македонија која е под бугарско вето Албанија може брзо да ги започне преговорите и со тоа да предизвика последици во земјава коментира бриселскиот портал Нова Европа кој не исклучува и пад на македонската влада и предвремени избори.

“Оваа перспектива очигледно го остава отворен прозорецот за итно започнување на преговорите за проширување со Албанија, под претпоставка дека датумите и формалниот договор би можеле да бидат одобрени за одржување на потребната „меѓувладина конференција“ потребна за официјално започнување на долгиот процес на пристапување со која било потенцијална нова членка.

Голем број на земји-членки на ЕУ веруваат дека Албанија ќе се соочи со поголеми предизвици од Македонија во завршувањето на пристапните преговори, па затоа не треба да се губи време.

Останува уште едно прашање, а тоа е какво би било влијанието врз политичката структура на Македонија ако се остави Албанија да се движи напред Македонија на патот за преговори?

Врз основа на однесувањето на премиерот Зоран Заев во последниве години, дали оваа одлука ќе предизвика гласање на доверба на владата, политичко топење (пад на владата) или можеби нови избори во Македонија?”, пишува влијателниот портал.