Нова демократија победник на евро-изборите во Грција

Излезните анкети по завршување на изборите за Европскиот парламент во Грција покажуваат убедлива победа на опозициската Нова демократија(НД) во однос на владејачката СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас.

Според анкетите НД совоила меѓу 32 и 36% од гласовите, СИРИЗА 25-29%, Движењето за промени КИНАЛ : 7-9%, КПГ: 5-7%, Златна зора: 5-7%, Грчко решение: 2,5 до 4,5 отсто од гласовите додека , MeRA25: 2,5 до 4, 5 проценти, Река: 1 до 2% , Независни Грци и Централниот сојуз од 1-до 2 отсто од гласовите.

Согласно ова, во новииот Европски парламент, НД ќе има з 8 до 9 места, СИРИЗА 6 до 7, Движењето на промени 2 до 3 , КПГ и Златна зора од 1 до 2 места, додека постои можноста Грчкото решение да има 1 место.