Новинарот Зоран Божиновски реагира на прашањето на колегата Бранко Героски кој во колумна прашува кој лаже за преговорите за голема коалиција за кои проговори екс министерот и најблизок соработник на Никола Груевски, Никола Тодоров.

Божиновски најавува снимка во траење од над 2 часа од која според него ќе се открие зошто Македонија минува низ премрежињата од последниве години.

Новинарот најпрвин снимката ќе ја даде на судот во случајот во кој Заев го тужи за клевета а потоа истата ќе ја објави.

“ГЕРОСКИ, ти тврдам дека лаже ЗОРАН ЗАЕВ! На 18 јануари (понеделникот пред нас!) како спис на судско рочиште по негова тужба против мене, ќе предадам во аудио и транскрипт варијанта, СНИМКА од 2 часа и 17 минути и 58 секунди, разговор од кој се слуша како ЗАЕВ во август 2016 се договарал со САШО МИЈАЛКОВ. Преку посредникот АЛЕКСАНДАР ВЕРУШЕВСКИ.

Од снимката се слуша јасно ШТО БАРА ЗАЕВ од МИЈАЛКОВ за да ни се случува до денес сето она низ што минуваме. Откако списот (стик плус транкрипт) ќе го предадам на судот каде што ме тужи, по завршувањето на рочиштето и снимката и транскриптот ќе ги објавам јавно, кој сака да ја слуша, кој сака да си чита…

На 26 ноември лани, судијката што го води процесот против мене, по тужба на ЗАЕВ, го прифати мојот предлог да се појави како сведок, да се соочиме на рочиште. Имам од него најава дека ќе се појави во понеделник во 9 часот”, пишува Божиновски најавувајќи ја аудио бомбата која може да даде одговор на многу актуелни прашања.